7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

(ВИДЕО) Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Груевски и вонреден конгрес на партијата

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се и основачите и првото раководство на партијата, по завршувањето на денешниот состанок, побараа претседателот на партијата, Никола Груевски, да си даде оставка и да се формира тело што ќе спроведе вонреден конгрес за избор на нов лидер, со нови раководни органи. Како што изјави Илија Димовски – Шаторот, првиот градоначалник на Прилеп и еден од најстарите членови на партијата, ветераните донеле пет заклучоци, кои ќе бидат доставени до раководството на партијата. Меѓу тие заклучоци, како што рече тој, е и дека одлуките на ова раковство не се валидни затоа што против повеќето од нив се водат судски постапки.

 

Против голем дел од членовите на сегашното раководство се водат повеќе истражни и судски постапки и затоа сметаме дека ова раководство не е во состојба да носи одлуки што се од интерес на партијата и државата. Тие за нас нема да претствауваат валидни акти“, рече Димовски.

Инаку, инфилтрирана група луѓе им пријде на медиумите и рече дека не се согласува со мнозинството ветерани на состанокот. Еден од нив беше Тане Марковски од Охрид, кој по завршувањето на состанокот се претстави дека е против овој собир и дека дошол да каже дека го поддржува Груевски.

 

ФОТО + Извор: А1он

 

поврзани објави

Последни објави