3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Реформатор во ДПМНЕ: Враќањето на војводата Љубчо во ВМРО ДПМНЕ ќе влее надеж дека вмровштината сеуште живее

 

Според моето видување на досегашната политичка ситуација, ситуација во која што четирите свети букви ВМРО, букви позади кој се пронаоѓа секој искрен и чесен Македонец се извалкани, неминовно е враќање на Војводата Љубчо Георгиевски, вели во изјава за “Поглед.мк“ Баже Бошковски, еден од помладите иницијатори за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој како прв човек го предводеше ВМРО во формирањето на првата македонска влада после комунистичкиот период во 1998 година и со него вмровштината дојде до израз бидејќи дотогаш “ВМРО, вмровец, независна Македонија” не смееја јавно и гласно да се изговорат.

Неминовно е неговото враќање во ДПМНЕ и обединување на ВМРО бидејќи тој се откажа од својата политичка кариера поради доброто на партијата, излезе доблесен, си ги призна грешките и го препушти местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Љубчо со неговата појава носи посебен сјај меѓу маргинализираните, искрени и чесни вмровци, кои останаа доследни на својот ментор и го носат ВМРО во срцето.

Неминовно е неговото враќање бидејќи во времето на неговото владеење во Македонија имаше ЖИВОТ за сите, нашата родина имаше силни надворешни пријатели и чекореше сигурно кон НАТО.

Бидејќи неговата визија и визијата на историското ВМРО беа исти, Македонија да биде дел од европското семејство, а подоцна и дел од НАТО бидејќи само тие можат да бидат гаранти за нашата безбедност. Македонија да биде дел од западната цивилизација кон која Комитите во минатото полагале надежи.

Враќањето на Љубчо во својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ и обединувањето на ВМРО ќе одекне како бомба и ќе влее надеж дека вмровштината сеуште живее во Македонија откога досегашното криминално раководство на ДПМНЕ го уништи секој атом на вмровштина кај своите членови и им останаа послушни само оние “ослепени војници” кои не гледаат, ами само слушаат и исполнуваа наредби, без разлика колку би било тоа погубно за ВМРО и Македонија.

Затоа, Љубчо треба да се врати во ДПМНЕ и да биде дел од РЕФОРМИРАНОТО И ОБЕДИНЕТО ВМРО за да се започне конечна ВМРОВИЗАЦИЈА на Македонија бидејќи пред нас е тежок период и само обединето, силно и вистинско ВМРО може да ја спаси Македонија.

Ако нема ВМРО, нема ни Македонија!!

 

 

поврзани објави

Последни објави