Во победата на Челси од 3-1 против Њукасл Еден Азар постигна гол од белата точка.
Белгијецот одлучи да ја изведе популарната “паненка“ и така да го измами чуварот на мрежата на противничкиот тим.
Но, постои нешто што неговиот пенал го прави уште подобар.
Имено, тој направи “паненка“ на 69. роденден на Антонина Паненка. Чех влезе во историјата на фудбалот кога на карактеристичен начин го изведе пеналот против Германија на ЕУРО 1976., што беше потполно изненадување во тие години.
Секој чест, Еден.