10.8 C
Skopje
сабота, октомври 25, 2025
spot_img

Голманот на Беневенто со погодок против Милан за прв бод оваа сезона (ВИДЕО)

spot_img

Беневенто на домашен терен успеа да го освои првиот бод оваа сезона против Милан, благодарение на голманот Брињоли.

Милан на полувреме замина со скромни 0:1 откако Бонавентура во 38та минута ја искористи сета гужва пред домашниот гол и успеа да ја затресе мрежата.
На само пет минути по стартот на второто полувреме, Пускас го врати домашниот тим во игра, постигнувајќи погодок за 1:1. Сепак радоста на домашните не траеше долго, откако Калиниќ со глава донесе ново водство за Милан во 57та минута.

Пресингот на Бенавенто започна по 75та минута кога Ромањоли заработи втор жолт картон, односно црвен. Домашниот тим со сета сила вршеше притисок врз Милан, но времето немилосрдно течеше во полза на росонерите се до 95та минута. Абате изврши фаул на само 25 метри од голот. По фантастичниот изведен слободен удар на Каталди, голманот Брињоли се најде на вистинското место, и со прецизен удар со глава го матираше својот противнички колега Донарума и донесе голема радост во својот тим, освојувајќи го првиот бод оваа сезона.

https://www.youtube.com/watch?v=BZEvWNFHlrs

поврзани објави

         

Последни објави