-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски на протестот за притворените зборуваше за економијата, инвестициите и промена на име

Со зголемувањето на акцизите за нафта кое го направи новата Влада, на секое семејство на годишно ниво ќе му се одзема по една просечна плата. Ова не го најавија пред изборите во декември минатата година.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешниот марш за правдината и Татковината.

-Ова е директен удар и за градежништвото  кое тоне, за такси превозниците, за автобуските компании, за обичниот  човек. Неправда е што најавуваат и зголемување на персоналниот данок на доход, на данокот на добивка, на ДДВ. Нешто што исто така не го најавија пред изборите во декември. Тоа ќе го плаќаат граѓаните. Еве поминаа шест полни месеци, пола година, а една нова странска инвестиција нема. Се откажаа од разговори за инвестирање со 60-тина компании и над 25000 работни места кои владата на ВМРО им ги остави во наследство. Единствено деновиве се пофалија со една странска турска компанија, но и таа не е од нивно време. Со нив водеше разговори Виктор Мизо и веќе беше направена резервација на две локации во ТИРЗ-Скопје2, во време кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја водеа Владата. Неправда е тоа што ги исполажаа вработените на ФЕНИ кој оди во стечај, вработените на Колска и на Еурокомпозит за кои ветените пари за плати пред изборите во декември ги нема. Неправда е тоа што го задолжуваат секој еден граѓанин, долгот со девизните резерви за 6 месеци се зголеми за нови 750 милиони евра од кои начнаа дури 230 милиони евра од девизните резерви. НБРМ констатираше дека во третиот квартал, не само што нема нови, странски директни инвестиции, туку дека и постојните добивката ја изнесуваат од Македонија. Така се забележува одлив од преку 50 милиони евра само во еден квартал, а за наредната година ќе се задолжува владата со нови 900 милиони евра, рече Груевски.

поврзани објави

Последни објави