3.8 C
Skopje
понеделник, ноември 17, 2025

Шилегов вети цврста забрана за возила на Водно

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека забраната за движење на моторни возила до Средно Водно важи и натаму, дека таа се почитува, освен во неделата кога, како што рече, несовесни граѓани го злоупотребиле отсуството на полицијата и ја прекршиле.

– В петок кога е државен празник и кога важи забраната ќе бидете сведоци дека во целост ќе го забраниме сообраќајот на возилата од 9 часот наутро до 16 часот попладне – рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пунктот за бездомници во Момин Поток.

Тој додаде дека е прилагоден и возниот ред на јавниот градски сообраќај, оти автобусите се почести со цел да не се создаваат гужви и граѓаните да можат да го користат.

поврзани објави

Последни објави