Познатиот шпански новинар Пипи Естрада јавува дека Мауро Икарди ќе стане новиот фудбалер на Реал!
На лекарски прегледи во Мадрид би требало да се појави на 26. декември, а трансферот ќе изнесува 92 милиони евра.
Естрада тврди дека Реал ќе плати преку 80 милиони на Интер во јануари, а додатни 12 преку бонуси. Аргентинецот во европскиот и шпански шампион би требало да заработува 10 милиони евра годишно, а ќе прима 30 отсто од маркетиншки права на свој лик.
Оваа сезона 24. годишниот Икарди постигна 16 голови во 15 натпревари и е една од главните причини што Интер е на врвот во Серија А.