fbpx
11.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Гаф на Јункер: Бев во Македонија, ФИРОМ, Скопје

АКТУЕЛНО

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер денеска се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев, по што одржаа заедничка прес-конференција.

 

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата Јункер кажа дека вратата за членство во ЕУ е отворена за земјите од Западен Балкан, а притоа го искористи уставното име на Македонија.

По тоа следуваше брзо поправање и на сугестија на еврокомесарот Хан се поправи дека наместо во Македонија, бил во Скопје. Реакцијата на Јункер беше причина за смеа кај премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан.

Јункер: Бев во посета на Македонија, ФИРОМ, Скопје

Гаф на Јункер: Бев во Македонија, ФИРОМ, Скопје

Posted by A1on.mk on Wednesday, December 6, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -