Вака, празнично да прашам три работи:
1. До каде се членовите на Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC со поднесувањето на нивните оставки? Нешто морал, етика? Чувство на одговорност? До каде се партиите чии предлози беа тие членови, да ги поттикнат на одговорност и на повлекување од функциите? Или и партиите немаат свои камшици за да го сторат тоа? ДПМНЕ е во распад-систем моментно и како опозиција не е во фокусот (иако треба да завлече нога), па ќе им одземеме на неможноста за тоа, но, владејачките ДУИ и СДСМ? Пример да дадат? Нога да повлечат? Јок.
2. До каде сте со слушање на гласот на народот кој е против рудниците на смртта и кој денеска протестира на Југо-Истокот на Македонија? До кога Влада на Република Македонија и ресорните државни институции ќе си одземаат од одговорноста за ова прашање? Челниците на локалните власти дури и посочија на нивна непослушност кон централната власт преку повлекување од функциите, доколку не се преземе итно запирање на овие смрто-сејачи!
3. Трето, а сепак најдолго за објаснување.
Zoran Zaev, до каде сте со Владата за именувањето министер/ка за здравство? Не знам дали знаете, но, овој народ имаше едно многу важно барање, додека бевме заедно по улиците, а тоа беше здравството! И не знам дали знаете, но, дури и доколку се чекаше третиот круг од локалните избори во Чаир за да се вадите на неажурност и неодговорност во поставувањето прв човек на чело на здравството, тој сепак помина пред 4 недели (без два дена), а првиот круг – тој главниот, што ви беше за конечна победа, помина пред скоро два месеца.
Не знам дали знаеш премиере Заев, дека здравството уште повеќе пропаѓа од претходно. За тоа не може да се има трпение! Зашто, се повеќе така се губи спасение! Не знам дали знаеш дека болниците ни се во ужасни состојби!? Не знам дали знаеш, дека поради аеро-загадувањето, имаме сериозен проблем со зголемување на бројот на пациенти со респираторни проблеми, и дека треба да се направи стратегија за тоа – како ние како држава ќе се справиме за намалување ем на ризиците – ем на последиците од аеро-загадувањето?
Имам еден тон работи да ти споделам кои се урнисани целосно од претходната власт, ама ти тие ги знаеш, зашто си ме слушал како држам говори за здравството јавно на протестите против режимот на Груевски. И да, за некои работи не е потребно време! За некои работи е потребен многу посериозен ангажман, кој не вклучува меѓу-коалициско партиски калкулации! Зашто со здравјето не може да калкулирате! Зашто на чело на здравството нема ГЛАВЕН ЧОВЕК уште од летото (еве од август ќе речеме). Знаеш дека тоа се повеќе од ТРИ МЕСЕЦИ! Верувам дека нема да направите уште еден голем кикс во изборот на тој човек, како што се случи со Таравари.
3 месеци ви се фрлени во вода, од тие што ви се дадени за владеење и покажување како вие планирате да го опоравите здравството.
Во партиската програма за парламентарните избори во 2016 година (деновиве гласно ја извикувавте на секој митинг) здравството ви е спомнато 31 пат, и е спомнато во ГЛАВНИТЕ и КЛУЧНИ столбови на вашето владеење. Во таа програма, на 11 страници детално ви се објаснети чекорите за негово подобрување (од страница 132 до страница 143) и плус по страница-две, во склоп на другите ветувања.
Бидејќи интернет-страницата на Владата на РМ често не ви е во функција (од лично искуство), морав да се послужам со „Предлог-програмата за работа на Владата 2017-2020“, во која на здравството исто така имате посветено огромен дел, а еден значаен е распослан на 3 страници (стр.31-стр.33), со конкретни чекори.
Како планирате да си го одржите она „Зборот е збор“, штом немате се’ уште именувано министер/ка за здравство?
Многу несериозно. Ептен.
: Вака, празнично да прашам три работи:1. До каде се членовите на Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i…
Posted by Ognen Janeski on Friday, December 8, 2017