7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Борисов: Таму каде што се гради нема војни (ВИДЕО)

Европската Унија има сигурен и предвидлив Балкан, кој не генерира проблеми, туку сака да ги почитува сите правила. Нашето здружување не е насочено против ниту една земја. Сакаме да се даде поголема можност за повеќе инвестиции и повеќе градење на Балканот. Таму каде што се гради, нема војни. Ова го изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов, кој учествуваше на состанокот на Високиот совет за соработка помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Романија.

“Средбата е многу полесна од онаа со лидерите на Западен Балкан. Балканот е преполн со историја, конфликти, војни, крвопролевање. 130 години подоцна, повторно разговараме за тоа како да го направиме Балканот, подобро место за живеење. Секогаш сум велел дека не смееме да генерираме проблеми, мора да покажеме мудрост и дека ги научивме нашите лекции. Јас сум оптимист. Верувам во мојот колега Вучиќ и во тоа дека тие ќе дадат се од себе за да ги скратат условите за пристапување на Србија во ЕУ. Ова е од витално значење “, истакна Борисов.

Балканите много векове наред са генерирали само войни. Ние искаме единни Балкани, модерна инфраструктура, дигитална инфраструктура. Продължаваме да отправяме послания към нашите приятели в Европа, че имат едни мъдри, сигурни Балкани, които не генерират проблеми, а спазват всички правила.

Posted by Boyko Borissov on Saturday, December 9, 2017

 

поврзани објави

Последни објави