13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Работна посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Сојузна Република Германија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на 11 декември 2017 година, оствари работна посета на Сојузна Република Германија, во рамки на која се сретна со Михаел Рот, државен министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На средбата беше изразено задоволство од добрите билатерални односи и новата динамика во политичкиот дијалог меѓу двете змеји. Министерот Димитров информираше за тековните активности и предвидената динамика за имплементација на реформите во насока на исполнување на неопходните критериуми за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија и влез во НАТО.

Министерот Рот изрази задоволство од досегашниот напредок на реформскиот процес и политиките на Владата во функција на заживувањето на македонските евроинтеграции: „Сакаме Македонија да биде успешна приказна и во 2018-та година”. Воедно, ја поздрави досегашната соработка со институциите на ЕУ во рамки на нашиот евроинтегративен процес, потврдувајќи ја германската поддршка во исполнувањето на европските приоритети и нашите заложби за интегрирање во ЕУ и НАТО.

За време на работниот престој во Германија, министерот Димитров учествуваше и на работилницата “Dialogue Series: Imagining New Paths for a Prosperious Macedonia; Euro-Atlantic Integration of Macedonia”, што се одржа во организација на Финдацијата Бергхоф, во Потсдам.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави