2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Русија ќе ја гради првата нуклеарна централа на Египет

Египет и Русија потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во Египет. На церемонијата по потпишувањето присуствуваа рускиот премиер Владимир Путин, кој се наоѓа во посета на Кајро и египетскиот претседател Абдел Сиси.
Централата ќе биде изградена во Дабаха и ќе има четири блока. Договорот вклучува изградба, испорака на нуклеарно гориво, одржување, обука на вработените и складирање на потрошеното гориво. Цената на проектот се очекува да достигне 30 милијарди долари, од кои 25 милијарди ќе бидат кредит доделен од Русија. Путин планира да изгради руска индустриска зона во Египет во вредност од околу 7 милијарди долари. Зоната треба да стане најголем регионален центар за снабдување и маркетинг на руски стоки на пазарот во Африка и на Блискиот Исток. Некои од водечките руски компании веќе покажаа интерес за проектот и размислуваат за нивните инвестиции.
Русија и Египет, исто така, се согласија да разменат разузнавачки податоци насочени против тероризмот. Москва и Кајро, исто така, имаат амбиција да воспостават редовни летови меѓу двете земји.

поврзани објави

Последни објави