Односите меѓу Грција и Турција, некогаш беа извор на бескрајни драми, но веќе една деценија и пол се стабилизирани. Нема спор дека се уште продолжува да има нерешени прашања. Протокот на бегалци во општите морски и копнени граници сигурно предизвикува главоболки, а тука се и редовните воздушни конфликти меѓу ловци на двете држави. Сепак можноста за воен судир меѓу Атина и Анкара, нешто што беше болна реалност во 90-тите години, денес се намалени. По мрачните стандарди поставени од Турција во односите со бурниот блискоисточен регион, врските со Грција, како и со останатите балкански држави изгледаат умерено позитивни. Тоа секако не гарантира добри односи. И посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Атина беше отрезнувачки потсетник за тоа.
Светските медиуми ја презентираа посетата како настан без преседан и со историска важност. Точно е дека турски шеф на државата не стапнал во Грција по Џелал Бајар во 1952 година, но ова сепак не значи дека турските лидери намерно ја одбегнувале Грција низ сите овие години.
До 2014 година, кога Турција ги одржа првите директни избори за претседател, претседателското место во Турција имаше главно церемонијална функција. А Ердоган, неприкосновениот лидер на земјата веќе речиси 15 години, ја посети Грција како премиер пред 7 години, кога сеуште не беше претседател на земјата.
Времињата сепак тогаш беа различни: Турција сé уште стоеше позади идејата за членство во ЕУ “нулта проблеми со соседите” беше нешто повеќе од шуплива фраза, а Грција доживуваше финансиски колапс и до тогаш општеството во земјата имаше релативно висок животен стандард.
Овој пат, Ердоган предизвика скандал уште од самиот почеток на својата посета. Во интервју за популарниот грчки телевизиски канал SKAI, а потоа за време на напната прес-конференција со претседателот Прокопис Павлопулос, тој го покрена прашањето за Лозанскиот договор од 1923 година
Тој повика за обновување на договорот, кој ги опфаќа демаркацијата на заедничката граница, и утврдувањето на статусот на грчкото малцинство во Турција и на Турците (или, како Атина инсистира, на “муслиманското малцинство”) во грчката провинција Западна Тракија.
Ескалирачкиот спор се чини дека ја менува важноста на самата посета. И ова е повеќе од непријатно, бидејќи целата бучава околу границите не е ништо повеќе од реторички став. Договорот од Лозана е мултилатерален инструмент, со Обединетото Кралство, Франција, Италија, па дури и со Советскиот сојуз и Јапонија.
Договорот не може да биде укинат од Грција и Турција, дури и ако тие се согласат да го сторат тоа (што е малку веројатно). Лозанскиот договор едноставно ја потврдува загубата од страна на Отоманската империја на североисточните егејски острови како Лезбос, Хиос или Лемнос, како резултат од Првата балканска војна.
Зошто, тогаш, Ердоган повторно го покренува прашањето за договор потпишан пред речиси еден век?
Едно можно објаснување е обидот на турскиот водач да изврши притисок врз Грција за муслиманското малцинство.
Партијата на премиерот Алексис Ципрас – “Сириза” сепак можеби веќе демонстрира правилен инстинкт: меѓу нејзините претставници во парламентот има и тројца етнички Турци, избрани од Западна Тракија. Партијата навистина се обидува да ја подобри ситуацијата на Турците, Помаците и Ромите во регионот, луѓе кои за многу Грци сé уште мислат дека се “петата колона” на Анкара во Грција.
Пишува: Димитар Бечев Аl Jazeera