8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Поради овој потег од 2006 г. навивачите на Челси се уште огорчени на Лео Меси

Челси и Барселона се екипи кои во последните 20 години знаеле да понудат голема драма во меѓусебните дуели во Лига на шампиони. Вчерашната ждрепка одлучи дека и оваа сезона, во осмина-финалето повторно ќе го гледаме судирот меѓу овие клубови.

Каталонскиот и лондонскиот клуб имаат неколку сјајни средби во претходните десет години во нокаут фазите од Лига на шампиони. Се почна во 2005. година кога Челси на Стемфорд Бриџ славеше со 4:2 и се пласираше понатаму.

Година дена подоцна – исто. Овој пат во осмина-финале. На Стемфорд Тиаго Мота постигна гол за водство на Челси, Џон Тери поентираше од другата страна, а Ето десет минути пред крајот ја донесе големата победа на Барса. Беше 1:1, но Челси го израмни резултатот длабоко во судиското продолжение од пенал. Барса тогаш продолжи понатаму, а вниманието на себе го привлече младиот играч Лео Меси кој оваа сезона се појави на големата сцена.

Аргентинецот изнуди црвен картон на Асиеро Дел Хорно кој со брутален старт го удари Аргентинецот во колено. После тој натпревар Меси стана омразен играч кај навивачите на Челси, поготово после изјавите на натпреварот.

„Во Барселона повеќе ги мразиме Челси отколку Реал Мадрид. Сакаме како играат Арсенал, Јунајтед, ма сите освен Челси“, рече тогаш Меси.

Инаку, Меси досега има одиграно осум натпревари против лондонскиот клуб и не постигнал ниту еден погодок.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -