Барселона се најде во неочекувани проблеми откако се повреди оваа сезона одличниот Самуел Умтити. Французинот стана главен играч во одбрана на каталонската гордост, но меѓудругото ќе го пропушти Ел Класико.
Покрај ова, своето заминување од Барса го најави Хавиер Маскерано со цел да добие поголема минутажа во Аргентинската репрезентација на Мундијалот, а клубот тоа одлучи да им го овозможи.
Мундо Депортиво пишува дека Барса ќе го донесе колумбијскиот стопер Yerrya Minu кој моментално игра за бразилскиот Палмеирас. Има 23 години и Барселона веќе некое време го следи, а поседува се што треба, физички предиспозиции, брз е, одличен во игра со глава а често помага и во офанзива.
Шпанските клубови велат дека клубовите мораат да се договорат околу оштетата и проблемот ќе биде решен.