Екипата на Манчестер Јунајтед е во потрага по нови млади ѕвезди, а извештаите говорат дека Мурињо ‘загризал’ за 17. годишниот бек на Фулам.
Еден од најбараните таленти во Европа има импресивна низа на настапи во Фулам. Во последните 18 месеци тој имаше 53 настапи и постигна 11 импресивни голови, а е именуван и во PFA Championship тимот на годината. Збор станува за Рајан Сасегнону чија статистика е навистина импресивна.
Тој ја освои титулата на Европсото првенство до 19 години со Англија каде беше еден од најдобрите играчи во англискиот шампионски тим.
Позиција на лев бек стана проблематична за Жозе Мурињо, откако пристигна на Олд Трафорд во летото 2016. година, а Дејли Блинд, Матео Дармиан, Маркос Рохо, Ешли Јанг и Лук Шо се менуваа на таа позиција во последните 18 месеци.