13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

РОНАЛДО МУ ПОРАЧА НА ПЕРЕЗ: Тој е „новиот Роналдо“, него донеси го во Реал

Кристијано Роналдо повторно одлучи да се вмеша во трансфер политиката на Флорентино Перез а сега дојде со нова желба.

Желбата на Реал е Мауро Икарди, сјајниот аргентински напаѓач. но Роналдо не е задоволен со донесувањето на тој играч во кралскиот клуб. Нему не му се допаѓа темпераментот на Икарди и сака во клубот да се донесе Андре Силва од Милан.

Силва летото за 38 милиони евра потпиша договор со Милан, но не е задоволен во новиот клуб. Роналдо смета дека Андре Силва во посилна екипа како што е Реал би можел да го покаже својот напаѓачи потенцијал и да го оправда надимакот “новиот Роналдо“ кој го доби во Португалија поради својот инстикт пред голот.

Силва во дресот на Порто одигра 58 натпревари и постигна 24 голови во сите натпреварувања.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави