6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нимиц: Решение на спорот за името ќе донесе стабилизација во регионот

Следната година може да се најде решение на проблемот со името, а тоа ќе донесе стабилизација во регионот, изјави во Брисел медијаторот Матју Нимиц, по завршување на првиот круг од преговорите меѓу Атина и Скопје за надминување на спорот, соопшти грчкиот весник „Катимерини“. Нимиц изјави дека бриселските разговори меѓу преговарачите Адамандиос Василакис и Васко Наумовски минале во „многу добра атмосфера“ и дека новата македонска Влада ова прашање го поставила како  свој врвен приоритет и има намера да ги подобри односите со Грција. По три години застој, разговорите за надминување на проблемот со името на Македонија сега добиваат нова динамика, откако Нимиц изјави дека во текот на следните месеци средбите ќе станат уште поинтензивни и во рамки на оваа процедура предвидени се средби со преговарачите во јануари, февруари и март, во Њујорк, иако можно е да се оддржат и на европска територија.

 

поврзани објави

Последни објави