35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Првата виолина сепак го напушта Енфилд: Ливерпул подготвени да го пуштат да го оствари својот сон!

Во Ливерпул никој не зборува за тоа, но темата за заминување на бразилската ѕвезда Филипе Кутињо во Барселона е сеуште и текако актуелна.

Ова лето ставот на клубот од „Енфилд“ по тоа прашање беше јасен, 25. годишниот играч не е на продажба.

Зошто тоа се сменило, односно зошто Ливерпул наеднаш, на половина сезона, го променува својот став и го пушта на продажба еден од своите главни играчи да се пресели на Камп Ноу?

Зошто самиот Кутињо, кој оваа сезона е повторно сјајен, би се одрекол од главната улога во еден од најсилните англиски клубови во пресрет на Светското првенство?

Одговорот лежи во една од изјавата на стратегот на Ливерпул Јурген Клоп по прашање за заминување на бразилецот:

“Клучот е во доведување на играчот во вистинскиот момент. Така ние тоа го правиме кога сакаме некој да купиме“.

Летото секако не беше вистински момент. Сезоната уште не беше започната, подготовките беа на некој начин започнати а секој од момците зад затворени врати ги дефинираше своите идни чекори и замисли.

Ливерпул никако не сакаше да се доведе во ситуација да биде без моќ па тогаш да лута на фудбалскиот пазар барајќи адекватна замена за Кутињо, во каква што се најде Барса, по заминувањето на Нејмар.
Меѓутоа, сега ситуацијата драматично е променета. Ливерпул релативно добро стои во првенството, освен улогата на Кутињо во тимот, своја значајна улога имаат и Фирмињо и Салах така да неговото евентуално заминување не значи дека Ливерпул би останале без силен напад.

Исто така, Ливерпул би имал доволно време да во преодниот рок најде соодветна замена за Бразилецот. Од друга страна, можеби ова е вистинскиот момент за Филипе Кутињо да ја подигне својата кариера на едно повисоко ниво.

поврзани објави

Последни објави