37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Формирано граѓанско движење „Стоп Операција Сорос“

Денес беше формирано граѓанско движење „Стоп Операција Сорос“, со кое ќе се предупредува населението за Фонтацијата Отворено општенство на Џорџ Сорос во Македонија.

Иницијативниот одбор е сочинет од Никола Србов, Цветил Чилиманов и Ненад Мирчевски, а трврдат дека ќе се допринесе во процесот на десоросоизација во Македонија.

„Ги повикуваме сите слободоумни и правдољубиви граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, вера, пол или политичко убедување, но со јасно изразени демократски вредности, да ни се приклучат во борбата против едноумието во граѓанскиот сектор осмислено и предводено од Џорџ Сорос“, изјавија основачите.

Процесот „десоросоризација“ најпрво го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред седиштето на Државната изборна комисија.

поврзани објави

Последни објави