-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО/ВИДЕО:Клучниот играч на Колумбија доби драстична казна за навреда на Корејец, во прашање неговото учество на Мундијалот

Играчот на Колумбија Едвин Кардона е казнет со пет натпревари неиграње за репрезентацијата поради расистичко однесување на пријателскиот натпревар против Јужна Кореја.

Тој гестикулираше со очите спрема корејските играчи, нешто кое судијата не го забележа, но не и камерите, па веќе после натпреварот мораше да се извинува.

“Не ми беше намерата никого да навредам, најмалку нечија држава или раса, а ако било кој се навредил, јас се извинувам. Не сум конфликтна личност, жалам поради ситуацијата“, вели Кардона.

За ваквото однесување тој немаше милост од страна на ФИФА, го казнија со пет натпревари вон терените, но се чини дека му е загрозен и настапот на Светското првенство.

Иако Колумбија има засега договорена една пријателска средба, сигурно ќе договир уште најмалку три натпревари, па Кардона евентуално ќе пропушти еден натпревар и од Русија. Бројните медиуми тврдат дека е големо прашање дали тој ќе замине на Мундијалот бидејќи е сосема јасно дека нема да одигра ниту еден пријателски натпревар и селекторот на Колумбија се поверојатно е да го уиграва својот тим, но без Кадрон. Иронија е дека играчот, да не ги изведуваше грдите гестикулации со “закосени очи“, би бил вистински лидер на репрезентацијата.

поврзани објави

Последни објави