Откако биткоинот изминатов период во три наврати ја мина вредноста од 17.000 долари, последниве два дена две други криптовалути – етереумот и лајткоинот тргнаа по неговите стапки.
Од почетокот на неделата вредноста на овие две криптовалути почна вртоглаво да расте. Така, лајткоинот во понеделникот претпладне чинеше околку 150 долари, за синоќа да достигне вредност од над 320 долари, што претставува раст од над 110 отсто за помалку од 48 часа.
Во исто време, вредноста на етерумот од 460 долари во понеделникот претпладне, порасна на над 630 долари, што претставува зголемување за околу 40 проценти.
Аналитичарите наведуваат дека од почетокот на неделата било многу по доходовно да се инвестира во етереумот и лајткоинот, отколку во биткоинот, бидејќи таквите вложувања би донеле поголема заработка.
Интересот за купување на етереуми и лајткоини резултираше со проптоварување на мрежите за електронско тргување, при што ЕТХ и ЛТЦ крахираа, додека КоинДеск времено го запре тргувањето со двете криптовалути.