6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски сака да ги уцрни институциите кои макотрпно работат на терен

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција за денешната прес-конференција која ја имаше Благој Бочварски од редовите на СДСМ, каде велат дека наместо Бочварски да тера политика, да ги провери состојбите во општините Струмица и Куманово.

„Токму во овие општини не се исчистени градските улици и патиштата до околните села. Бочварски нека погледне какви се патиштата до селата Рич, Пчиња, Винце, Вакав, Пезово, Кокошиње, Павлешенце, Брсјак, Колицко, Скачковце и други. За каква одговорност зборува Бочварски кога во овие општини владее ледена доба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владеачката партија додаваат дека Бочварски се обидува преку манипулации да ги уцрни институциите кои целодневно работат на терен, со цел да се исчисти снегот од патиштата.

Благој Бочварски се обидува со манипулативни настапи да фрли дамка на институциите кои макотрпно работат на терен и да ги плаши граѓаните со црни сценарија. СДСМ не сака да види дека цела Европа, а не само регионот и Македонија, се соочуваат со екстремни временски услови. Благодарение на посветената работа на надлежните институции, нема поголеми сообраќајни застои, ниту отсечени градови како што има во други земји. Додека СДСМ и Бочварски денеска ги навредуваат надлежните институции и нивниот труд и ангажман, тие посветено работат на терен. Кога ќе се врати дома Бочварски по патот кој вработените од надлежните институции го чистат, ќе сфати дека лажно ги обвинувал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на Благој Бочварски.

поврзани објави

Последни објави