Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Дидие Дрогба одлучи да го промени својот имиџ.
Иако во својата кариера беше препознатлив по долгата црна коса, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, на изненадување на сите, одлучи да се избричи “на нула”.
“15 декември 2000 беше почетокот. 15 декември 2017 роден е новиот Јас”, напиша Дрогба на Твитер.
По стајлингот сега изгледа како нашиот Перо Антиќ кој одамна е со бричена глава.
Извор: СпортКлуб