Европската Унија воведува нови построги правила за трговија со крипто-валути, бидејќи според Брисел, виртуелните валути станале одлична алатка за перење пари и за финансирање на терористички организации. Најпознатата криптовалута биткоинот се тргува преку онлајн платформи, кои претставуваат своевидни берзи на интернет. Продавачите и купувачите таму се анонимни. Новите правила предвидуваат оние кои тргуваат со крипто-валути, да го пријават својот идентитет и локација.