Каде замина празничното распложение во главниот град? Дали се разнесе низ воздухот, како отровот од оџаците што упорно го дишеме или пак веќе ни е дојдено преку глава од се, дури и од славење?
Оваа година Скопје не е украсено, бидејќи парите. требало да се потрошат на нешто побитно. Супер идеја, ако можеше со парите да се купува добрина или пак духовна светлина. Ништо од тоа нема да видиме додека сами не сфатиме, дека овој период од годината е период за рамносметка. Сега е времето да се тегли цртата на есапот и секој да види што сработил во изминативе 365 дена. Силно се надевам дека новиот градски татко ќе може да се пофали и со нешто повеќе од тоа „нема да украсуваме, парите за поважни работи ќе ги потрошиме“. Инаку вчера на протестот против загадувањето во ск имало околу 100-тина луѓе. Зборувајте ми за активизам и елан нешто да се смени. Скопје почна да ја троши „резервата“, ајде сите што го сакаме главниот град на нашата земја да му помогнеме.