12.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Отруена кучка со четири мали кучиња

На 16.12.2017 година во СВР Охрид било пријавено труење на кучка со четири мали кучиња. Мртвите кучиња биле забележани во двор на ул.„Цар Самоил“ во Охрид.

Истиот ден, во СВР Охрид, од страна на граѓанин бил пријавен уште еден случај на труење на куче кое било забележано на ул. „Даме Груев“.

Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство.

Кучињата биле подигнати од вработени во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Охриѓанка касната од куче

На 16.12.2017 година во СВР Охрид, Д.А. (25) од с. Косел, охридско. пријавила дека истиот ден околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „.Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило  црно куче и ја каснало во задниот дел од  десната нога.

Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во болницата во Охрид..

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -