7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Џонсон: Велика Британија може да стане вазалска држава

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека Велика Британија би можела да стане „вазалска држава“ доклку ги прифати плановите на Европска унија за Брегзит. Неговата изјава предизвика тензии во кабинетот за Брегзит, како и во земјата.

Тој во интервју за „Сандеј Тајмс“ посочи дека сака „либерален Брегзит“.

– Секој договор мора да и пружи слобода на Велика Британија сами да одлучуваме за нашата регулаторна рамка, нашите закони и да ги правиме работите на посебен начин. Ако Британија биде приморана да применува исти закони како ЕУ, тогаш која е поентата на тоа што го постигнавме. Зошто би преминале од земја-членка во вазалска држава, истакна Џонсон.

поврзани објави

Последни објави