5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

РОНАЛДО СО ПРОВОКАЦИЈА ДО МЕСИ: Треба да не дочекате со аплауз!

Реал Мадрид во финалето на Светското клупско првенство го победи бразилски Греми со 1:0 (погодок на Роналдо од слободен удар) и така дојде до третиот трофеј во тоа натпреварување во последните четири години.

Роналдо од своето доаѓање во Реал освои два пати во Ла Лига, Куп на кралевите и Суперкуп Шпанија, три пати Лига на шампиони, Светско клупско првенство и Европски суперкуп. Вкупно 15 трофеи и осум години.

За седум дена Роналдо и Кралевите ги очекува Ел Класико (сабота, 13 часот) на “Сантиаго Бернабе“, а самиот Роналдо изјави дека играчите на Барселона требало да се поклонат на новопечените светски шампиони.

“Би било прекрасно да ни го приредат тоа. Два пати по ред го освоивме ова натпреварување, го заслуживме тоа“, изјави Роналдо после натпреварот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -