Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е одложено за 27 декември годинава. Причина за одложувањето е тоа што не биле обезбедени услови за снимање на денешното рочиште. Во „Насилство во Центар“ обвинети беа 14 лица, од нив вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски. Во овој предмет обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, заедно со уште 10-на лица.