23.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024

САЛАХ Е ГОЛЕМ ЧОВЕК: Им помага на луѓето кои имаат потреба и ги обединува сите Арапи (ВИДЕО)

Во земјата во која скоро секоја недела се соочува со терористички напади, Мохамед Салах им овозможува на жителите, но и на околните земји барем на кратко да заборават на проблемите.

Не само што е вистински хит во Премиер лигата оваа година како најдобар стрелец со 14 гола после 18 кола, 25 годишниот Салах е вистински за голем човек. Ретко за тоа говори во медиумите и избегнува да дава интервјуа, но Египќанецот својата великодушност ја покажува со дела.

Во родната земја Салах финансира изградба на училишта, па помага во локалната болница. Води и хуманитарна организација која се грижи за прехрана на оние кои имаат потреба, посебно во текот на светиот месец Рамазан.

Не само што е чувствителен кога се во прашање луѓето кои имаат потреба, Мохамед се грижи и за својата држава, па така неодамна уплати 210.000 британски фунти за да го одржи курсот на египетската фунта.

Одраснал во мал град играјќи фудбал со топка направена од чорапи, а скромноста ја покажа кога даде гол кој на неговата репрезентација и донесе пласман на Светското првенство во Русија. Имено, му понудиле вила во знак на благодарност, а тој рекол парите во таа вредност да ги донираат за децата од неговото село.

Со своите постапки како оној кога одби да го прослави голот против Челзи поради терористички напад во една џамија, кога загинаа 305 луѓе, го обедини целиот Биски исток. Тоа не му нема успеано на ниту еден политичар, тврди Хатем Кадоус, лондонски адвокат со потекло од Египет.

-Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтјани, Емиратјани, Оманци… Сите сакаат дрес од Салах. Тој е носител на надежта на 90 милиони Египќани. Имаме терористички напади секоја недела, економски проблеми, а тој е единствени кој го прави народот среќен. Одете само во било кое кафуле во Каиро кога игра Ливерпул, тоа е неверојатно. На 90 минути ја обединува цела нација и ни помага да заборавите на проблемите кои ни се случуваат: револуциите, Исламското братство, ИСИЛ, било што, вели Кадоус за Тајмс.

поврзани објави

Последни објави