-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Весна Петрушевска до сите душебрижници зад тастатурите: Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате по постови до утре и назад!

„Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата. Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра. Една светла точка и која ја прифаќам тоа е духовитоста на поединци. Да, беше морбидно и страшно. Јас немам друг избор освен да се борам како и секогаш!Благодарам на сите добри луѓе кои вчера беа со мене седум часа на нозе. Првото влегување дома гушка од Кики и Мина со една реченица:„Само ти да си ни добра!”.  Ова е статусот кој го објави актерката Весна Петрушевска на „Фејсбук“ после вечерашниот инцидент со нејзиниот автомобил кој со часови пловеше во реката Вардар.

„Во секој случај е морбидно и грозно. За недозволено паркирање се плаќа казна. Не ме зачудува воопшто лошотијата и „храброста” зад тастатура. За сите вас „душебрижници” со претпоставки од најгнасен тип да ви кажам едно нешто, мислев само на децата да не се потресат, оти бргу се прошири веста. Помисливте на тие дечиња ако случајно јас бев во автомобилот? Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате по постови до утре и назад! Кога последен пат сте помогнале некому? Јас секојдневно! Бев на проба со децата од Бејби шоу, работиме на убави нешта, се учиме на достоинствен живот и живот без различности. Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата. Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра“.

поврзани објави

Последни објави