13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Изгледа дека само чудо може да се испречи: Ова се 10-те најизгледни трансфери во зимскиот преоден рок

 

Се приближуваме до зимскиот преоден рок. Иако, во последно време, нема премногу бомбастични трансфери во зимскиот рок , оваа година ситуацијата би можела да биде малку различна. Шпекулациите околу Кутињо, Санчез продолжуваат, па се поизгледно е дека најголемите клубови ќе бидат и те како активни.

Ви ги прикажуваме 10-те најизгледни трансфери кои ги очекуваме на почетокот на 2018.

Ињиго Мартинез (Реал Сосиедад – Барселона)

На Барселона и е потребен дефанзивец, а кога такво нешто ќе се случи, повеќето клубови од Премиера треперат од страв дека нивниот најдобар играч ќе замине во Каталонија. Долго време со Барселона се поврзува името на Аимерика Лапортео, од Атлетик Билбао, но во последно време се поактуелна е веста дека Валверде се одлучил за Мартинез, стоперот на Сосиедад, кој има сјајна сезона зад себе за клубот од Сан Себастијан.

Филипе Кутињо (Ливерпул – Барселона)

Кутињовото ќе сака ли-или не драма беше една од подолгите во летниот преоден рок. Бразилецот не ја криеше својата желба да го напушти Ливерпул, но неговиот клуб не попушти па таков трансфер не се случи. Меѓутоа, се поизвесно е дека Барселона ќе ги зголеми понудите и конечно ќе го облече Кутињо во црвено – плави дрес. Воедно, како што Арсенал и Ливерпул добро знаат, кога Барселона некој сака, нема голем избор.

Алексиз Санчез (Арсенал – Манчестер Сити)

На Санчез на лето му истекува договорот со Арсенал и јасно е дека нема намера да го продолжи. Чилеанецот изгледа демотивран во дресот на Топџиите оваа сезона, а веќе летото еднаш беше пред вратите на Сити. Венгер нема да има голем избор, земајќи во предвид дека Чилеанецот ќе остане без оштета доколку не попушти.

Дени Роуз (Тотенхем – Манчестер Јунајтед)

Кавгите меѓу тренерот и англискиот репрезентативец веќе некое време се видливи, а се поверојатно дека Роус на зимо ќе ги напушти Спарси.

Леон Горетц

Горец е уште едно име на кое договор му истекува на крајот на сезоната. За германскиот играч заинтересирани се Ливерпул, Сити, Јувентус, Баерн, но се поверојатно е дека Горетз ја одбрал Барселона.

Давид Луиз (Челси – Јувентус)

Давид Луиз е во немилоста на Антонио Конте и се поизвесно е дека и по втор пат ќе ја напушти Премиер лигата. Изгледа дека моментално Јувентус е најакиот фаворит за потписот на Бразилецот – Луиз би можел да биде идеална замена за Бонучи.

 

Повеќе за ова на Sport.novi.ba

поврзани објави

Последни објави