Од трговскиот интернет-гигант Амазон се бара прекин на продажбата на минијатурни фигури на војници на Вермахтот со петиција која што започна во Германија.
– Тие фигури претставуваат еден од најнехуманите режими во светската историја и со играњето со нив децата ги прифаќаат тие униформи и оружје како нешто најнормално што претставува недозволено влијание врз деца, се вели во петицијата од граѓани.
Такви фигури може да се најдат на Амазон и Ибеј, а дел од нив имаат и обележја на Ес-Ес единиците. Слична иницијатива е започната и во Франција.