ВМРО-ДПМНЕ попладнево во знак на поддршка на притворените патриоти за настаните од 27 април, со почеток 18:30 часот пред Спортската сала „Јане Сандански“ организира протестен конвој од автомобили, кој се движи по следната делница: Собирно место: Спортска сала Јане Сандански, потоа ќе се движи кон – Железничка станица – Зграда на Црвен крст – Рекорд – Бул. Св. Климент Охридски – Бул. Патизански одреди – Рузвелтова – Бул. Илинден – Зграда на Влада на Република Македонија – Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Се поставува прашањето: Дали навистина лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и после 20 години учество во политиката, немал доволно финансии да си купи подобар автомобил или пак истиот можеби ја има сета потребна комоција во 20 години старо Пунто?