Влатко Ѓорчев, не ги поддржа своите блиски соработници Илија Димовски и Антонијо Милошоски и ќе биде дел од вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу присутните се и Миле Јанакиески, Емил Димитриев, Коце Трајановски, Елизабета Канческа – Милевска, Диме Спасов, Даниела Рангелова, Владимир Талевски. Кандидатот на претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред
започнувањето на вонредниот конгрес во Валандово изјави дека тој очекува и верува дека ќe бидат присутни голем број делегатите на конгресот. На новинарско прашање како ги коментира одлуките на дел од членовите на ВМРО – ДПМНЕ кои се и пратениците во Собранието да не учествуваат на конресот, Мицкоски рече дека е тој со подадена рака и отворена прегратка кон нив.