-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Собранието го донесе Буџетот за 2018 година

Собранието на Република Македонија во рамки на 26. седница попладнево со 62 гласа „за“ ниту еден против и воздржан го донесе Буџетот за 2018 година во кој вкупните приходи се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 18,2 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП, односно бележи намалување во однос на минатата година за 0,2 процентни поени. Стапката на инфлација се очекува да биде на ниво од 1,7 отсто. Во 2018 година не се планираат поголеми даночни промени. Планирано е зголемување на акцизата на нафтата за три денари. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, Буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството.  Во Предлог-Буџетот за 2018 година се предвидени повеќе средства за  повисоки плати во Армијата, здравството, образованието и детската грижа. Има повеќе средства за приближување до НАТО стандардите, за поддршка на домашните претпријатија и за мерки за вработување, како и за капитални инвестиции.

поврзани објави

Последни објави