4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Трамп повторно го нападна заменик-директорот на ФБИ

Доналд Трамп повторно го нападна заменик-директорот на ФБИ, Ендрју Меккејб. Меккејб планира да се пензионира по нападите на Трамп дека работи против него во ФБИ.

– Како може заменик-директорот на ФБИ Ендрју Меккејб, заедно со свиркачот Џемс Коми, од истрагата за Хилари Клинтон (вклучувајќи ги и нејзините 33 илјади нелегални избришани маилови), за време на истрагата да прими 700.000 долари за кампањата на жена си од марионетите на Клинтон?, напиша Трамп на Твитер.

Сопртугата на заменик-директорот на ФБИ, Џил Меккејб во 2015 година добила донација од 700 илјади долари за потребите на предизборната кампања за Сенатот на Вирџија од гувернерот на државата, кој се смета за сојзуник на Хилари Клинтон, како и од локалниот огранок на Демократската партија.

Освен тоа, Трамп во друг твит напиша дека Меккејб „чека да истече рокот за да се пензионира со целосна пензија“ и оти му остаnуваат 90 дена.

поврзани објави

Последни објави