Едвард Сноуден, кој што во 2013 година ја откри американската програма за шпионажа, објавувајќи тајни докумети започна да работи како програмер на апликации за мобилни телефони.
Во петокот тој покажа нова апликација наменета за активистите, борци за човекови права и други луѓе изложени на ризик.
Апликацијата „Хејвен“ ги користи сензорите на Андроид телефони за да ги открие промените во просторијата. Таа била развиена во заеднички напори со Фондацијата за слобода на медиумите и „Проектот Гардијан“.