fbpx
6.8 C
Skopje

СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ ги напушти политиките на поделби и блокада на реформите и да се вклучи во процесите во интерес на граѓаните и земјата

АКТУЕЛНО

„По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на нов претседател на партијата, граѓаните и целата домашна јавност очекуваат новото раководство на опозициската партија да ги напушти досегашните политки на поделби, деструкции, лажни вести, блокади и сеење омраза и да даде конструктивен придонес во спроведувањето на зацртаните реформи.

Граѓаните ги поразија деструктивните политики и Македонија оди напред.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и интересите на државата и конструктивно да се вклучи во процесите што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард, слобода, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО како врвен државен и национален интерес.

Новото време на соработка, пријателство, напредок и заедништво ги отвора перспективите на Македонија како едно демократско општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви спрема правата, обврските и законите“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -