25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Љубомир Јовески избран за нов јавен обвинител

Со 61 глас ЗА, еден воздржан и ниту еден ПРОТИВ, во присуство на 69 пратеници, Собранието именува Љубомир Јовески за нов јавен обвинител. Расправата за Јовески заврши на 15 декември. Јовески беше изгласан денеска бидејќи мнозинството не можеше да обезбеди кворум во собранието.  Новиот јавен обвинител Љубомир Јовески бил судија во Општинскиот суд, во Основниот суд Скопје 2, а во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител. До изборот за државен јавен обвинител Јовевски беше во Советот на јавните обвинители.

поврзани објави

Последни објави