Седумнаесет годишно момче е повредено при тепачка во автобус на ЈСП со број „57“ денес околу 14:30 часот, информираат од МВР за Курир.
Според информациите на полицијата, на горниот кат во автобусот дошло до тепачка меѓу две групи на малолетници во која прободен со нож бил 17 годишник.
Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар.
Напаѓачот избегал по крвавиот настан, а од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.