6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од врвот на Европа до подот во куќата на пријателот

Тој играше во финалето на Лигата на Шампионите во 2006, доби неколку милиони за седумте години што ги помина во Премиер лигата, спиеше во луксузен дом и возеше скапи автомобили. Но, неодамнешната култна фигура на Арсенал Емануел Ебуј веќе е уништен, изгуби сè, и беше близу до самоубиство.

34-годишниот фудбалер играше за тимот на Арсен Венгер меѓу 2004 и 2011 година, но сега признава дека дури размислувал да си го одземе сопствениот живот, откако по лошото управување со финансиите и тешкиот развод го уништиле и го оставиле далеку од неговите три деца. Во шпицот на кариерата на “Емирати” десниот бек добиваше милионски суми годишно, потоа помина неколку години во Галатасарај, каде земаше по 1.5 милиони фунти на сезона.

Но по разводот со неговата поранешна сопруга Ебуе е принуден да се крие од полицијата и извршителите, кои бараат од него да ја предаде својата куќа во Енфилд. Од јуни, Еубеј не го видел својот син и двете ќерки, а му се случиле и други трагични настани во семејството. Неговиот дедо Амадо Бертин кој го одгледал, починал по храбра битка со ракот, а брат му Н’Дри Серж загинал во несреќа со мотор.

Сега фудбалерот признава пред Mirror дека бил блиску до самоубиство. “Сакам Бог да ми помогне. Само тој може да ми помогне за да ги избркам од мојот ум мислите за самоубиство. Многу ме боли тоа, што не можам да ги видам моите деца”.

Наскоро куќата во Енфилд ќе му биде одземена, а Емануел признава дека не може да си дозволи адвокат кој да го брани во однос на случајот. Неговите планови да се врати за еден последен сезона во Премиер лигата со екипата на Сандерленд пропаднаа, бидејќи од ФИФА му наложија едногодишна казна поради неисплатени износи кон негов поранешен агент.

Ебуе не крие дека бил наивен во начинот на кој ракувал со своите пари. Според неговиот расказ неговата поранешна жена ги контролирала неговите финансии, а многу луѓе го манипулирале, бидејќи разбрале дека е лесна цел.

Emmanuel Ebue

Фудбалерот вели дека спие на подот кај негов пријател и дека својата облека ја пере на рака бидејќи не може да си дозволи машина за перење.

Твитер веднаш реагира на таа приказна и тој не престанува да прима пораки за поддршка, многу фанови сметаат дека Арсенал треба да му помагне на својот поранешен играч.

Самиот Ебуе би сакал да ги обучи младите играчи – “Исто како што некогаш ми помогнаа мене да станам професионален играч”. Тој, сепак, призна дека би се срамел, ако се види со свои поранешни соиграчи, меѓу кои се Тиери Анри и Денис Бергкамп, поради ситуацијата во која се наоѓа. Сепак, нема намера да се предаде, додавајќи: “Тоа што ми се случи не го посакувам на никого“.

поврзани објави

Последни објави