11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

СЈО го повлече обвинението за „Пуч“

Специјалното јавно обвинителство утрово излезе со соопштение во кое изјави дека го повлекува случајот „Пуч“, бидејќи случајот е во спротивност од доказите кои што тие ги поседуваат.

„Ова Јавно обвинителство со поднесок што во текот на денешниот ден ќе биде доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје, се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“ од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Ваквата наша одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука.

Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа“, се вели во соопштението на СЈО.

Во предметот „Пуч“ беа осомнилени лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот директор на ДБК и неговата жена, Зоран Верушевски и Соња Верушевска, струмичанецот Бранко Палифров и поранешен вработен во МВР, Ѓорги Лазаревски.

поврзани објави

Последни објави