14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски ќе се потрудел да не касни за судските рочишта

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска на судењето за случајот „Траекторија“ од Специјалното јавно обвинителство во кривичниот суд се појави 15 минути подоцна. Претходно судијата веќе го одложи судењето и го закажа истото за 31 јануари.  Груевски даде изјава во која како оправдување рече дека не доцнел многу, односно само 10 минути.
„Ќе направам се’ што е во моја моќ“, одговори Груевски на прашање зошто доцни, притоа алудирајќи на тоа дека во иднина ќе се потруди да ги избегне ваквите ситуации.

поврзани објави

Последни објави