Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел изјави дека Украина и Турција скоро да станат членки на Европската Унија. Според Габриел можат да се најдат други патишта за соработка со овие две земји слични на договорите што ќе следат по Brexit.
„Доколку можеме да постигнеме разумен договор кој ќе ги регулира односите со Европа по Брегзитот, тоа би можел да биде моделот за другите земји: Украина и Турција“, истакна Габриел.
Тој, зборувајќи за развојот на односите со Турција, истакна дека не ја исклучува можноста на крајот да биде можно да се реализира „потесен облик на царинска унија“. „Но, ова е невозможно сѐ додека не се смени политичката ситуација во Турција“, кажа германскиот вицеканцелар.