30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Повик за солидаризација со децата без родители

Драги пријатели и сите што ова ќе го читаат.

Четврток на 28. 12. 2017 година во Социјален центар Дуња ќе се собираат донации за децата без родители од Домот ,,11-ти октомври”. Исто така ќе се собираат донации и за други ранливи категории деца кои би дошле тој ден во Дуња. Би ве повикал на солидарност со децата ако можете да донирате/купите/оставите работи кои би им биле нив од нужност, како и од нужност на домот, како што се:

Јакни
Пегли
Тостери
Џемпери
Играчки
Книги

Со цел да се одбегне класичното ,,пакетче” во кое има бројни благи работи, да се потрудиме тоа што ќе биде донирано, дабиде од некаква корист и подолготрајно користење. Секако кој колку има и може, не е на одмет да оставите и по нешто благо за празнициве. 🙂

Да ги изненадиме децата со вистински подароци! 🙂

 

поврзани објави

Последни објави