Премиерот Зоран Заев за новогодишните празници ќе оди во Грција на покана на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешниот редовен брифинг со новинарите.
– Премиерот Заев ќе оди, но посетата ќе биде во форма на приватна посета, значи нема да биде официјална државна посета, изјави Бошњаковски.