7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

НЕКОИ ДЕЦА НЕ ОДАТ ДОМА ЗА НОВА ГОДИНА: Грутка во гради ќе ви создаде новогодишното видео на „Хонда

Не ги отвораме подароците, чекаме да дојде Божик, вели дете што одвај зборува и е врзано за инвалидска количка. Тоа е само едно од многуте деца што за Нова година и за божиќните празници не одат дома. Тие остануваат најсемејните празнични денови во годината да ги поминат во болница.

Токму за овие деца, болни од рак и од други тешки заболувања, автомобилскиот гигант „Хонда“ реши да направи кампања со која ќе се соберат средства што ќе помогнат за нивното лекување.

Фото

Во соработка со агенцијата RPA, и со помош на придобивките од новата технологија на аугментативна реалност, луѓето ангажирани во оваа кампања успеаја да ја донесат празничната магија кај болните деца.

Кампањата се организира во една педијатриска клиника во Калифорнија, каде се лекуваат деца болни од рак. Специјално за нив се изработени електронски виртуелни честитки со кои нивните болнички соби се претвораат во снежни бајки.

Технологијата на аугментативна реалност ги внесува децата во виртуелен визуелен свет во кој се појавуваат и честитки и видео пораки што специјално за овие деца ги испраќаат луѓе од цел свет.

Фото

Честитките доаѓаат преку Фејсбук-страницата на „Хонда“, направена специјално за оваа кампања. Притоа, за секој „love“ или „like“ емотикон, автомобилскиот гигант ќе донира по еден долар за овие деца. Сумата што се планира да биде собрана е 100.000 долари, што ќе бидат донирани за децата болни од рак.

Изработена е и модифицирана верзија на честитката што може да се погледне онлајн на следниот линк. Во продолжение е видеото што ќе ви ги стопи срцата.

Одете на Фејсбук-страницата на „Хонда“ и таму ставете срце или лајк. Со тоа помагате што побрзо да се соберат средства за овие болни деца.

https://www.youtube.com/watch?v=nVfCiBPkaW4

 

поврзани објави

Последни објави