Огранокот на МБП во Кичево и оваа година организираше хуманитарна акција со цел да даде позитивен пример и да им помогне на тие што имаат најголема потреба. Ова година членовите на МБП „Максим Костов“ Кичево го посети Центарот за деца со посебни потреби во истиот град. На децата им беа подарени новогодишни пакетчиња, средства за хигиена и училишен прибор. Погледнете ја галеријата од овој хуманитарен настан: